Израелци сакаат да произведуваат овошје во Македонија

Bez autora
Dec 09 2013

Компанијата НИР од Израел, која се занимава со производство и преработка на земјоделски производи, е заинтересирана за инвестирање во Македонија. Најатрактивни за НИР се подигањето нови овошни насади и вложувањата во преработувачката индустрија и во откупно дистрибутивен центар. Претставници на компанијата вчера, на средба со ресорниот министерот Љупчо Димовски и со министерот без ресор, задолжен за странски инвестиции Џери Наумоф, откако слушнаа за начинот и условите за добивање државно земјоделско земјиште под закуп за подигање нови овошни насади, изразија подготвеност во најкраток рок да почнат со вложување.

Израелци сакаат да произведуваат овошје во МакедонијаКомпанијата НИР од Израел, која се занимава со производство и преработка на земјоделски производи, е заинтересирана за инвестирање во Македонија.

Најатрактивни за НИР се подигањето нови овошни насади и вложувањата во преработувачката индустрија и во откупно дистрибутивен центар.

Претставници на компанијата вчера, на средба со ресорниот министерот Љупчо Димовски и со министерот без ресор, задолжен за странски инвестиции Џери Наумоф, откако слушнаа за начинот и условите за добивање државно земјоделско земјиште под закуп за подигање нови овошни насади, изразија подготвеност во најкраток рок да почнат со вложување.

Дојдени се, рекоа, за директно да се запознаат со можностите за производство, откуп преработка и извоз на јаткасти овошни производи и проширување на нивната дејност во земјава.

Во текот на разговорот, министерот Димовски истакна дека Македонија бележи континуиран раст на земјоделското производство и извозот.

- Поради поволните климатски и почвени услови, во Македонија, за разлика од другите земји во регионот, се произведуваат земјоделски производи кои се препознатливи и на европските пазари, а тоа пред се се должи на строгата фитосанитарна контрола и на употребата на современи агротехнолошки мерки, истакна министерот Димовски и додаде дека Македонија најголемиот извоз го реализира на ЕУ-пазарите, но во последните неколку години го освојува и рускиот пазар каде се бележи огромно зголемување на пласманот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik